25 Ноември, 2024
0.0445

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА - Михаел Солтер: Да ги користиме предизвиците за промена на подобро

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Михаел Солтер е генерален директор на „Филип Морис“ ТКП ДОО Скопје. Вели дека годинта зад нас, 2020, на сите уште долго ќе ни остане во сеќавањата, ќе раскажуваме за предизвиците што ни ги донесе, и всушност ќе ни остави едно горчливо-слатко искуство. Но, таа донесе и придобивки - ја развивме грижата еден за друг, ни ги покажа приоритетите, грижата за здравјето... Се развија и иновациите, објаснува Солтер во новогодишната честитка за Фактор, а како еден од примерите ја издвојува јакната од бакарни влакна кои овозможуваат заштита од вирусот на 11 километри. Компанијата со која раководи, „Филип Морис“ одамна ја препозна неопходноста од иновациите, посветувајќи се уште пред 15 години на целта да го реши проблемот со пушењето, ставајќи ја науката во сржта на бизнис операциите, создавајќи го така IQOS пред пет години како револуционерна иновација, денес веќе добро познат производ... Неизвесната 2021 година ќе биде година на надеж, а најголемата визија на „Филип Морис“ е свет без чад, цел кон која оваа компанија ќе продолжи одлучно да патува. 

„Измина 2020 година. Но годинава уште долго ќе ни остане во сеќавањата на сите нас и уште многу ќе раскажуваме за предизвиците кои ги наметна истата. Крајниот заклучок е сепак дека оваа година ни остава горчливо-слатко искуство. Додека сѐ уште се соочуваме со исклучителниот предизвик на COVID-19 и стравуваме, стравуваме за нас, за нашите најблиски, за нашите вработени, за нашите бизниси, да се обидеме да ја погледнеме работата од друга страна и да гледаме позитивно. Да бидеме оптимисти за 2021, но оптимисти со искуство.

Најголемата цивилизациска придобивка која ја донесе оваа пандемија, од социолошки аспект, настрана од технолошките пронајдоци е грижата што јаразвивме еден за друг и за околината воопшто. Оној момент кога на површина излегува емпатијата, грижата, одговорноста, човечноста, тоа е моментот што навестува позитивни промени. Случувањата во 2020 разбудија многу позитивни страни кај луѓето. Научивме многу и извлековме многу животни поуки. Исто така ни покажа кои ни се приоритетите, кон што треба да се движиме, за што да се избориме. Грижа за здравјето, сочувствување со другиот, промени во однесувањето.Затоа на изминатата година гледам како на година на наговестени промени, што дефинитивно се случуваат.

Често се вели дека “неопходноста е мајка на иновациите”. Ова практично значи дека секоја промена или кризна ситуација дефинира потполно нови потреби за кои е неопходно да се бараат иновативни решенија бидејќи постоечките не можат да ги задоволат. На пример, да не постоеше стравот од инфекција, веројатно никогаш на пазарот немаше да се појави ,,метална јакна” која не се разликува од обичните по изглед и удобност, но која е изработена од бакарни влакна во должина од 11 километри кои овозможуваат заштита од вирусот. Се разбира, не сите идеи ќе завршат на насловните страници на водечките медиуми, но иновациите, без оглед дали се повеќе или помалку револуционерни, можат да го дадат неопходниот стимул за економско закрепнување по пандемијата. Компаниите кои брзо се адаптираа на промените и се ослонија на иновациите и дигитализацијата излегуваат посилни и поотпорни на надворешните шокови.

Ние во Филип Морис веќе години наназад препознаваме дека иновациите се симбол за раст на компаниите и за промени на подобро. „Неопходноста“ од која се водиме е да го решиме проблемот со пушењето на различен начин од претходните, очигледно неуспешни, конвенционални обиди. Се посветивме на таа цел пред 15 години, кога ставајќи ја науката во сржта на нашите бизнис операции, започнавме да бараме помалку штетно решение за оние пушачи кои не се подготвени да се откажат од цигарите. Така е создаден IQOS. Пред пет години револуционерна иновација, денес добро познат производ кој го грее, наместо да го гори тутун и со тоа се елиминираат повеќето штетни материи што се наоѓаат во чадот.

Инспирирани од промената кон свет без чад и успешната комерцијализација на производите на други пазар во светот, Филип Морис ТКП ДОО Скопје влезе во 2020 година со планови да ја започне најголемата и најзначајната промена во навиките на возрасните пушачи во Македонијаи да имплементира визијата за свет без чад од цигари и во Македонија. Новонастаната ситуација, но пред сѐ безбедноста на нашите вработени и нашите потрошувачи како прерогатив ни ги сменија првичните планови. Но од друга страна, се разви голема креативносткоја ја вложивме во барањето начини како да се адаптираме, да ги исполниме целите, но и да останеме безбедни и одговорни. Локално, 2020 година ќе ја паметиме по тоа дека нашиот иновативен производ влезе на македонскиот пазар. Но, со овој производ, нашиот процес на инвестирање во иновации и наука не е прекинат, напротив - на пазарот ќе се појават нови производи без чад, подобри од цигарите, што ќе им помогне на пушачите да направат подобар избор и да придонесат за јавното здравје воопшто.

Глобално, Филип Морис ќе ја памети 2020 година и по одлуката донесена од страна на светски реномираната агенција за заштита на јавното здравје, Американската агенција за храна и лекови која на 7ми јули, 2020 година донесе одлука да го класифицира IQOS системот во категоријата на производи со модифициран ризик, констатирајќи притоа дека истиот е суштински различен од цигарите. Ова претставува историска пресвртница за нашата компанија на нашето патување кон свет без чад и претставува голема можност за унапредување на јавното здравје во светки рамки.

Филип Морис Интернешанал ја започна трансформацијата кон иднина без чад во 2016 година. Нашата одлука и промена на визијата наидоа на голем скептицизам. Тоа беше разбирливо. Но, посветено и истрајно, секоја година ние го отстрануваме тој скептицизам. Заклучно со третиот квартал од 2020 година, помалу штетните алтернативи учествуваат со 23 отсто во вкупните нето приходи на компанијата, додека во 2015 овој процент практично беше нула. Со тоа, им демонстрираме на нашите поддржувачи, но особено на скептиците дека ние сме истрајни и ќе го исполниме ветувањето дадено во 2016 година. Но сега е време да се приклучат и јавните агенции, регулаторните тела и ослонувајќи се исклучително на научните докази позади овие иновации да не поддржат во оваа визија и со тоа да придонесат иднината без чад да биде на повидок.

Изминатава година беше една голема животна поука, што верувам дека ќе нè води напред во исто така неизвесната 2021 година. Неизвесна, но година на голема надеж. Наспроти таа неизвесност секогаш треба да ја имаме визијата и искуството како да се справиме со промените. Нашата на Филип Морис е свет без чад и одлучно ќе продолжиме да патуваме кон таа цел затоа што постигнувањето на оваа цел е од корист за секого“, вели Михаел Солтер за Фактор.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик