25 Ноември, 2024
0.0304

ЖЕЛБА ЗА 2021: Мицкоски - Ни требаат џиновски скокови, затоа работам на обединување на секоја прогресивна сила

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Христијан Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека според многумина 2020 година беше една од најтешките во последните триесетина години низ кои чекориме како независна држава. Таа е смета Мицкоски година на нереализирани надежи, година на економска рецесија и вето на патот кон ЕУ, но и година кои сите ние, како што вели, на потешкиот начин дознаваме за значењето на здравјето и тешките последици од Ковид кризата која одзема илјадници животи. Лидерот на најголемата опоцизиска партија сепак очекува оваа 2021 година да биде година на промени

„Да биде година во која сите заедно мораме да покажеме дека може и мора поинаку, година во која се раѓа надеж, но и година кога способните мора да се обединиме околу една заедничка цел, да ја кренеме економијата, да покажеме план, да обезбедиме рестартирање на општеството кое триесетина година стагнира. Потребна е нова енергија, за големи промени. Не смееме да пропуштиме ниту секунда повеќе во тапкање во место. 

За само неколу месеци има над 50 илјади наши сограѓани кои ги загубија своите работни места, овие луѓе и нивните семејства бараат нова надеж и можности да си ја градат сопствената среќа. Најмногу промени се потребни во приватниот бизнис. Пакетите помош на Владата освен за изборен маркетинг не ја оправдуваат својата улога затоа што многу ретко се помош на компаниите на кои таа помош им е потребна, а многу повеќе гол популизам. Наместо замајување на јавноста потреба е вистинска помош. Услужниот сектор е пред пропаст, додека градежништвото го сели својот бизнис. Домашните пари стануваат странски капитал кај соседните земји, а странските инвеститори ја заобиколуваат земјава, а тоа е така затоа што во Владата не гледаат партнер и сето ова кога една соседна Србија, Бугарија па и Грција одат напред во овој поглед. 

Работите нема да се подобрат ако ние самите не ги промениме. Сосема е извесно дека Владата нема план, ниту визија, а четири години гледаме како европската иднина станува се подалечна и се понеизвесна. Не се работи тука за некаков инает на партнерите, туку на неуспешна дипломатија, и секако неможност да се затвораат проблемите на принципиелен начин. Бугарската страна се подлажува со работи и ветувања кои се на наша штета и премиерот Заев не е во состојба да ги исполни, и кога тоа е така кај соседите се јавува фрустрација која резултира со блокада. Таму е потребна чиста позиција, да се исцрта линија до каде се може и да се подвлече што не може. Така и Бугарите многу почесно ќе ги прифатат државните позиции. Јас повикав и веќе работам на обединување на сите прогресивни сили. Време е за нов лист, за нов почеток создаден и предводен на нова генерација во македонската политика. На сите до еден во Македонија им е преку глава од истите политики, од истите препукупувања со кои не се оди напред. 

На Македонија и требаат џиновски скокови, а не мали придвижувања. Најдоброто следува. За ова е потребно обединување на секоја прогресивна сила и тоа го правам во овој период. Следува година на промени кон подобро и силна борба за подобар живот за секого, повеќе среќа и повеќе пари. Да изградиме систем кој ќе овозможи грижа и среќа за секој еден човек, вели Мицкоски за Фактор.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик