15 Декември, 2025
0.0410

ЖЕЛБИТЕ СЕ ЕДНО, РЕАЛНОСТА ДРУГО: Колкаво покачување на минималецот очекуваат граѓаните?

Објавено во: Економија 19 Декември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Граѓаните би сакале минималец кој би изнесувал 25.000 денари или над оваа сума, но сметаат дека во 2023 година ќе има мало покачување на минималната плата.

Незадоволни се од стандардот. Велат дека минималецот е доволен само за задоволување на основните потреби на еден човек, но нема шанси со минимална плата да се издржува семејство.

„Тие пари се само да се прехрани човек и тоа минимално. Минималецот треба да биде барем 25.000 денари. Можеби за 10 отсто ќе ја покачат минималната плата. Повеќе не верувам, не може, а и газдите сакаат да заработат“, смета Предраг Николов, граѓанин.

Убедени се дека и со повисок минимец, стандардот на граѓаните нема значително да се подобри, затоа што многу производи и услуги поскапеа. Граѓаните се разочарани од малата куповна моќ.

„Мислам дека ќе има минимално зголемување, за 1.000 или 1.500 денари повеќе, па дали и толку. Минималецот треба да биде над 35.000 денари. Работите не се в ред никако,  се менуваат од ден на ден, не можеш една сигурноста да добиеш и ќе биде тешко за младите“, вели Васе Георгиевски, граѓанин.

Во март се очекува дека минималецот ќе биде над 20.000 или близу 21.000 денари, но крајниот исход останува да го видиме во наредниот период. Следното покачување на минималната плата како што најавија од Владата ќе се случи во првиот квартал од идната година.  Зголемувањето ќе биде во согласност со новата методологија која беше договорена на преговорите помеѓу Владата, синдикатите и работодавците во февруари годинава, кога постигнаа согласност за минимална плата од 18.000 денари.

Со измените на Законот за минимална плата воведени се критериуми со кој порастот на минималната плата ќе се врши во согласност со предвидената методологија. Сега се воведени два нови поповолни критериуми со кој усогласувањето на минималната плата ќе биде:50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата во Република Северна Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Третиот критериум е дека висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57 отсто од просечната плата објавена според Државниот завод за статистика (ДЗС). Вака дефинираната нова методологија покрај зголемувањето на минималната гарантира одржливост и континуиран раст на минималната плата сразмерно со покачувањето на продуктивноста на трудот. Тоа значи дека износот од 57 отсто ке биде загарантиран и нема да зависи од волјата на политичките субјекти кои се на власт ниту пак од социјалните партнери“, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Како што објави ДЗС, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2022 година, изнесувала 32.553 денари.  Нови податоци за висината на платите ќе имаме на 22 декември, кога ДЗС ќе објави ново соопштение. Минималната потрошувачка кошничка како што објави Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  во ноември „тежела“ 51.714 денари. Што се однесува до минималецот, тој во минатото изнесуваше 15.000 денари, претходно беше 12.000 денари и постепено се покачуваше.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/Racool_studio

Можеби ќе ве интересира

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага