„ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“: Законски може да формираме партија или да кренеме бело знаменце
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2025 17:25
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) најави формирање на политичка партија, бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин независните да учествуваат на претстојните локални избори.
Велат дека чекорот којшто го преземаат е затоа што големите партии од власта и од опозицијата минатата година здружено донесоа измени на Изборниот законик, со кој се зголемува прагот на потребни потписи за нивно учество на изборите. Уставниот суд во март го укина ова законско решение, а оттогаш не е донесено ново решение. Партиите избегнуваат да зборуваат за ова прашање, па се става под знак прашање учеството на граѓанските иницијативи на изборите.
„Зелен хуман град“ е единствената советничка група во Советот на Град Скопје зад која не стојат политички партии туку 23 граѓански организации, а има двајца советници, Драгана Велковска и Горјан Јовановски. Оттаму ги повикаа граѓаните за поддршка.
„Дали сакаме партија? Не, воопшто. Но, уште помалку сакаме сега да се повлечеме, кога партиите се обидуваат насилно и на секој начин да нè спречат. Мора да ја продолжиме битката зад која застанаа 10.000 скопјани на последните локални избори. Имаме алтернатива? Не, во моментов законски може или да се формира партија или да кренеме бело знаменце. А кревање бело знаменце е суштинска спротивност на нашето постоење, граѓанската борбеност и сè останато што ние претставуваме“, велат од „Зелен хуман град“.
Од ЗХГ порачуваат дека тие никогаш нема да бидат партија по дефиниција, туку ќе останат граѓанска иницијатива.
„Партиите се концепт против кој толку долго збориме и ќе ПРОДОЛЖИМЕ да се бориме – канцерот на македонското општество сите овие години. Партиите се етаблирани со децении, имаат моќни сојузници, мрежа на послушници и огромна финансиска помош од приватни донатори, како и од државата. Ние? Ве имаме само вас – добродушните луѓе со чиста совест, нерасипани од алчност за моќ и своја лична корист кои верувате дека подобро утре е можно. Затоа ЗХГ никогаш нема да биде партија по дефиниција, туку останува граѓанска иницијатива“, велат од ЗХГ.
За формирање партија потребни се 1.000 потписи.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




