Зеленчукот во поплавените места ниту се јаде, ниту се откупува
Објавено во: Агробизнис 26 Август, 2016 18:10
Земјоделските производи од поплавените места во скопско не се откупуваат.
Директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трифуновски денеска изјави дека на земјоделските површини во поплавените подрачја најдена е мала количина земјоделски производи кои не се откупуваат.
Трифуновски информира дека се чекаат резултатите од мострите земени од земјоделските површини од поплавените подрачја, кои очекува многу скоро да бидат објавени.
„Инспекторатот формираше неколку тимови кои ги поминаа сите населени места зафатени со поплавите. Констатирана е мала количина земјоделски производи коишто се останати на тие површини. Земени се неколку мостри за испитување и се уште ги чекаме резултатите. Меѓутоа на разбирање и на жителите и на сите оние откупувачи кои откупуваат од овој регион, овие производи не се откупуваат за продажба, ниту за конзумација. Потенцирам, се работи за многу мала количина што не би можела сериозно да влијае на зелените пазари“ - вели тој.
И претходно надлежните на граѓаните од овие населени места им советуваа дека зеленчукот и овошјето не треба да ги конзумираат за да нема несакани ефекти.
Дел од домаќинствата во овој реон живеат од земјоделска дејност.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





