ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ: Чие е овошјето и зеленчукот кои ги јадеме и колку се квалитетни?
Објавено во: Агробизнис 08 Септември, 2017
Во Македонија на зелените пазари се нуди храна која генерално е од домашно производство, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, но и од Здружението на пазарџии.
Велат дека овошјето и зеленчукот се со македонско потекло, а од странство се увезува јужното овошје кое во земјава не се одгледува. Ванчо Новоселски, раководител на инспекциски сектор во АХВ вели дека на пазарите може да се најде и храна која е увезена од Србија, Косово или друга земја од соседството. Додава дека мониторинг на квалитетот се врши редовно.
„На секоја втора пратка која е од увоз се земаат мостри и се контролира квалитетот на храната. Оваа година имавме 36 контроли на храна од животинско и неживотинско потекло. Онаму каде имало забелешки, изречена е едукација и проблемот е отстранет“ – вели Новоселски.
Екрем Долек, претседател на Здружението на пазарџии објаснува дека на македонските пазари има храна која е многу квалитетна и е од домашно производство.
„За македонската храна не треба да се прави муабет. Таа е со исклучителен квалитет, можам да кажам на европско, па и на светско ниво. Овошје и зеленчук има во Македонија во изобилство. Се увезува само јужното овошје кое овде не расте, и раноградинарски култури додека да бидат нашите производи од пластеници, оранжерии, се увезува од Албанија. Но, за квалитетот во Албанија се зборува доста и таму затоа што употребуваат многу пестициди. Македонските производи се многу поквалитетни од албанските“ – рече Долек.
Долек додава дека тие како Здружение на оваа тема немаат забелешки, и потврдуваат дека граѓаните конзумираат квалитетна храна.
Ристо Велков од струмичко кој воедно е претседател на Сојуз синдикат на земјоделските производители објаснува дека тој лично се занимава повеќе со органско производство, но смета дека во земјава се произведува здрава храна.
„На терен се останати земјоделци кои веќе 50 години се занимаваат со оваа работа и си ја знаат работата. Мислам дека имаме здраво земјоделско производство“ – вели тој.
Додава дека поради економската немоќ земјоделците поретко користат пестициди и инсектициди за прскање на овошјето и зеленчукот.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.