29 Април, 2024
0.0424

„Зелените“ бараат спас од ГМО наездата, од Влада велат-нема ваква храна кај нас

Објавено во: Агробизнис 24 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Од Демократската обнова на Македонија-ДОМ и Демократскиот сојуз-ДС, денеска побараа Македонија да стане територија во која ќе нема ГМО храна.  Според претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, ваквите иницијативи градоначалниците ќе може да ги искористат за развивање на еко туризмот и за сертифицирање на органската храна што ја произведуваат. „Наша цел како зелена партија е да се спасиме од ГМО наездата, да си ја обезбедиме државата да не дозволиме влез на ГМО, бидејќи немаме можност за тампон зони за заштита. Од друга страна, Македонија има одлични услови за здрава органска храна во секој поглед и тоа треба да се искористи“, рече Поповска која додава дека кампањата има за цел да допре до луѓето за да ја разберат суштината на ГМО и да се спречат можните последици по здравјето. Иницијативата ја поддржа и Демократскиот сојуз, од каде побара земјава да стане место без ГМО.  Според професорката Сузана Кратованлиева од Земјоделскиот институт, за заштитата на генетските ресурси нагласи таа,  тим од банката при Институтот ги посетува домаќинствата во руралните области во Македонија за зачувување на автохтоните семиња. За Панче Николов од Зелениот институт-Скопје, искуството на европските земји покажува дека движењето против ГМО и прогласување слободни зони без ГМО дава успешни резултати. Во писмено соопштение од владиниот кабинет се вели дека земјава нема правилник кој овозможува увоз на ГМО добиточна храна. Оттаму велат дека Владата ќе пристапи кон донесување соодветна правна рамка со која децидно ќе се спречи увоз на генетски модифицирана храна во Република Македонија. Оттаму посочуваат и дека премиерот Никола Груевски нема потпишано правилник или одлука која ќе овозможи увоз на ГМО добиточна храна, како и дека досега до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?