Зеленски: Украинските трупи ослободија 160 квадратни километри територија и седум населени места
Објавено во: Свет 18 Септември, 2025 18:13
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска објави дека украинските трупи ослободиле 160 квадратни километри територија и седум населени места за време на операцијата во Доњецкиот регион, на истокот од Украина.
„Повеќе од 170 квадратни километри и девет населени места се исчистени од окупаторите. Речиси стотина окупатори се фатени, а само во последните неколку недели, руските сили претрпеа илјадници загуби – ранети и мртви“, истакна Зеленски.
Украинскиот претседател денеска ги посети војниците во источниот Доњецки регион, епицентарот на борбата против руските сили.
„Се сретнав со нашите војници кои учествуваат во контраофанзивата во Добропоље“, објави Зеленски.
Руските трупи успешно навлегоа подлабоко во овој регион во август, пред да бидат запрени од украинската армија неколку дена подоцна.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин поради тоа што нема примирје за Украина. Војната во Украина трае повеќе од 3.5 години.фото Фејсбук/Володимир Зеленски
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




