ЗЕМЈА ОД БАЛКАНОТ: Секој 150-ти жител е инфициран со коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Октомври, 2020
Заразен е секој 150. Словенец.
Кои региони ќе ги затвори државата ќе зависи од тоа колку од нив имаат поголема инциденца до прагот за кој треба договор.
Досега, прагот беше на 140 инфекции на 100.000 жители во последните две недели.
Инциденцата во периодот од 14 дена е висока, се искачи на 202,75.
На болниците им недостасува обичен кадар, се повикуваат специјализантите, празни кревети на одделенијата за интензивна нега снемува.
„Вирусот се шири многу побрзо. Епидемиолошките истражувања сè уште траат. Досега преземените мерки не помогнаа доволно да се ограничи вирусот. Направивме 4.902 тестови, има 707 нови инфекции. Двесте десет лица беа во болница, на 50 им требаше интензивна нега, двајца починаа“, вели портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин.
Во Словенија само три лаборатории прават тестови за Ковид-19.
Во сите балкански земји состојбата е лоша. Бројот на заразени и понатаму е висок.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.