Добивај вести на Viber
Веројатно прва асоцијација за горниот наслов би ни биле новите џинови, како Бразил, Индија и секако Кина. Сепак иако овие економии растат исклучително брзо, постојат разни држави кои имаат неверојатни растови во изминативе години.
Се работи за голем број на држави во Африка и Азија. Како што стојат работите се чини дека Африка пред се поради огромните природни ресурси кои ги поседува во иднина ќе биде местото каде ќе се води битката за владеење со светот и неговите ресури.
Според проекциите на ММФ постои еден спрема шест, шанса растот на светско ниво да биде под 2%, што би значело дека голем број од развиени земји повторно да бидат во рецесија. Сепак постојат голем број на земји кои барем на хартија им оди добро.
Пред да презентираме дел од нив да кажеме за неколку факти кои ќе ја расчитат дилемата зошто е растот толку силен:
- Се работи пред се за Африкански држави кои имаат исклучително ниско ниво на БДП, па поради тоа растот може да биде толку голем
- Од 20-те најрастечки ниту една не е од развиените западни држави
- Осум се од Азија
- Огромен број од земјите имаат проблеми со корупцијата
- Седум од дваесетте најрастечки зависат од извоз на природните суровини, што би рекло кајмакот го земаат владателите и мултинационалните компании
Во некоја иднина нивното време веројатно ќе дојде, можеби.
Еве ги, според ММФ петте најрастечки:
Руанда
Земјата има исклучително ниско ниво на БДП, што би рекло многу мала основица и затоа растот е вака силен. Дури 90% од населението зависи од земјоделие. Земјата има шест пати помалку жители од Македонија и десет пати помал БДП по глава на жител. Растурена од еден од најкрвавите судири во историјата на човештвото опишан во филмот “Хотел Руанда”, земјата се обидува преку инвестиции во образованието и туризмот да ја постави економијата на колку толку здрава основа.
Камбоџа
Како и Руанда и Камбоџа преживеа неверојатни трауми. Под владение на Црвените Кмери беа убиени огромен број на жители на земјата. Денеска се обидува да се презентира како пазарна економија на која текстилот и е главен извозен производ. Доколку го погледнеме на пример потеклото на облеката или патиките од големите брендови кои ги носиме има добра шанса да видиме дека се произвдени во Камбоџа. Младата работна сила е еден од главните адути, секако доколку имаат што да работат. Последните откритија на нафта ветуваат посветла иднина за оваа Азиска Држава.
Брегот на Слоновата Коска
Веројатно сите не асоцира на нивниот фудбал и на Дидие Дрогба. Можеби и по тоа се најпознати во светот. Сепак оваа земја е најголем светски производител на какао зрна. Воедно ова е и нејзиниот главен извозен производ и главен економски адут. Земјата исто така е богата со злато и палминово масло, кое го пласира кај развиените држави.
Гана
Мака мачи со исклучително големото ниво на инфлација кое го надминува исто така големиот раст на БДП. Има високо развиен услужен сектор кој сочинува 50% од целото производство. Се надеваат дека поголемото експлотирање на какао, нафта и злато ќе им донесе побрз раст.
Туркменистан
По смртта на Сапармурат Нијазов доживотниот владател во 2006, на власт е Бердумахамедов. Држава со еднопартиски систем која уште долго ќе се мачи со демократијата. Сепак благодарение на тоа што имаат многу гас (четврто место во светот) успеваат да имаат и голем раст на БДП и притоа имаат доволно нафтени ресурси. Погодувате дека поради гасот ниту Американците, ниту Русите немаат проблеми со недемократскиот режим..... барем засега.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.