Земјите од еврозоната тајно го подготвуваат исклучувањето на Грција?
Објавено во: Балкан 10 Април, 2015 12:46
Земјите од еврозоната тајно се подготвуваат за исклучувањето на Грција од монетарната унија, пишува „Тајмс“.
Според весникот деталните планови за исклучувањето се подготвени од француското Министерство за финансии заедно со Германија.
Во документот се предупредува дека оваа пролет ќе донесе многу тешки политички настани. Со согласност на останатите членки од еврозоната започна процес кој конечно може да доведе до исклучување на Грција од еврозоната, се наведува во документот, кој датира од 27 март.
Се претпоставува дека со реформите преземени од последните 3 години и мерките преземени од Европската централна банка, еврото може да ја надмине бурата, која може да се појави при исклучувањето на Грција од монетарната унија.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




