Земјоделци побрзајте- истекува рокот за субвенции
Објавено во: Агробизнис 31 Мај, 2014 11:18
Денеска завршува рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции за 2014 година. Сите заинтересирани барањето треба да го поднесатпо електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.
- Ги потсетуваме одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, соопшти Агенцијата.
Платежната агенција ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои се уште не аплицирале, веднаш да се обратат во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





