04 Декември, 2024
0.0291

Земјоделците активни во креирањето на аграрните политики

Објавено во: Агробизнис 30 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Земјоделците се поактивно учествуваат во креирањето на аграрните политики. Нудат конкретни, издржани предлози, сугерираат решенија за горливите проблеми. Евидентно зајакна нивната комуникација со ресорното Министерство, стана директна, непосредна, особено при донесувањето на законите. Производителите често седнуваат и на заедничка маса со откупувачите, преработувачите, ексепртите.

Ова е клучната придобивка од  проектот  „Зајакнување на јавно-приватниот дијалог преку поефикасно застапување на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработен зеленчук“ што изминатата 1,5 година ја спроведуваше ЦеПроСАРД со поддршка на АгБиз програмата на УСАИД.

- Моравме да изнајдеме начин како, преку обуки, да го подобриме дијалогот, да ја раздвижиме комуникацијата со Министерството која досега беше на многу ниско ниво. Но, проблемот е веќе надминат, навреме ги добиваме сите информации, не доцниме со проектите неопходни за донесување на одредени законски и подзаконски акти, непречено учествуваме во креирањето на земјоделските политики, изјави Менде Ивановски претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

За подобрување на дијалогот меѓу производителите и надлежните институции во 2010 година, со измените на Законот за земјоделство, беа формирани седум потсекторски групи во кои членуваат земјоделци, преработувачи, потрошувачи, експерти.

- Соработката во групите е многу подобра од порано. Предлозите што произлегуваат од заедничките состаноци се вклучени во оперативната програма за 2013, финансиската поддршка. Редовните потреби на потсекторите се дефинирани како приоритети што ние ќе ги поддржиме независно дали се саемски манифестации, промоции, истражувања, студии, анализи, рече Перица Ивановски од Министерството за земјоделство.

Порано, додаде, МЗШВ објавуваше оглас на кој се јавуваа научни работници за имплементирање какви било мерки, а сега е обратно, мерките ги предлагаат потсекторските групи согласно нивната проценка за она што им е битно или потребно. Многупати, Министерството, и покрај испратените барања, информации до земјоделците, повратен одговор не добивало или апликациите доцнеле, биле неправилно пополнети.

- Нашата идеја беше да ги обучиме земјоделците, заедно да седнат, да го разработат проблемот, со аргументи, и да го предложат до Министерството. Направивме добра основа за земјоделците да ги зајакнат своите капацитети/способности и да се изборат за своите права и барања, напомена Габриела Митриќеска Мицевска од ЦеПроСАРД.

Според неа, најголемите проблеми проектот ги детектира како предизвици и успеа да ги надмине. - МЗШВ порано не ги вклучуваше земјоделците во креирањето на политиките, тие многу доцна ги дознаваа информациите во врска со институционалните програми, поддршката законите и не можеа ефикасно да се вклучат со предлози, сугестии, барања. Сега тоа веќе не е случај, подвлече Митриќеска Мицевска.

Во оваа насока, дизјанирана е и он-лајн алатка преку која земјоделските здруженија и индивидуалните производители ќе ги добиваат сите најнови информации, нацрт правилници и закони за да можат навреме, веднаш да реагираат, да дадат свое мислење, евентуални предлози и сугестии. Алатката е достапна на интернет страницата на ЦеПроСАРД, а по празниците ќе може да се користи и од вебот на МЗШВ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.