Земјоделците бараат повисока откупна цена, мелничарите- поголем увоз на пченица
Објавено во: Агробизнис
12 Јуни, 2013
Добивај вести на Viber
Попладнево во општина Новаци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, се сретна со претставниците на здруженијата на земјоделци и од мелничко пекарската индустрија. На Средбата главна тема била откупот на пченицата и цената оваа година. Притоа земјоделците побара откупната цена да не биде под 15 денари за килограм пченица.
„Бараме годинава откупната цена на пченицата да не биде пониска од ланската откупна цена и покрај тоа што имаме зголемени трошоци на самото производство“, соопшти претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров.
Според министерот Димовски, годинава откупната цена ќе остане како ланската, бидејќи ценовните движења на берзите во регионот не се различни од минатогодишните.
На средбата беше најавено дека производителите и откупувачите до Министерството за земјоделство ќе поднесат барање за обврзувачки откуп на одредена количина пченица за дозволен увоз на пченица, односно брашно.
Тие побараа мерката да биде променета во делот на откупот на пченица, па наместо досегашната еден спрема три, односно три килограми откупена пченица за еден килограм увезена и четири килограми откупена домашна пченица за еден килограм увезено брашно, ова да се промени во сооднос еден спрема два, односно еден спрема пет.
Со годинашната жетва, се очекува реколта од 280 илјади тони пченица во земјава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.