05 Декември, 2025
0.0291

Земјоделците ќе може да го купат земјиштето што го работат

Објавено во: Агробизнис 13 Мај, 2013 23:13

Добивај вести на Viber

Земјоделците ќе добијат нова можност за откуп на земјоделското земјиште кое подолго време го обработуваат. Според најавите на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостанство Зоран Коњановски, набрзо предлог-законот ќе биде доставен до Владата.

„Тоа е тренд во земјите од Европската унија и ние со креирање нов закон сакаме таа можност да му ја дадеме на оној којшто сака да си го купи земјоделското земјиште“, најави Коњановски кој појасни дека одредено земјоделско земјиште кое е дадено под концесија на 20 или 30 години не ќе може да се продаде доколку нема позитивно мислење од корисникот.

Цената на земјоделското земјиште ќе се утврдува од стручни лица од Бирото за судски вештачења, а еднаш годишно Владата ќе усвојува програма за оние земјоделци кои ќе сакаат да го купат земјиштето.

„Земјоделството мора да се заснова на долги патеки, а земјоделците мора да го планираат своето производство. Придобивка е тоа што идните земјоделци ќе планираат долгорочно што ќе инвестиратат на својот земјоделски посед“, изјави Андреја Секуловски од Федерацијата на фармери на Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?