05 Декември, 2025
0.0341

Земјоделците реагираат дека мелничарите не ја почитуваат договорената цена

Објавено во: Агробизнис 31 Јули, 2013 21:22

Добивај вести на Viber

Земјоделците од пелагониско реагираат дека откупот на пченицата се одвива со слабо темпо и по ниска откупната цена. Поради ваквите состојби, мал дел од родот е откупен, а големи количини жито се останати по нивите или складирани по амбарите.

Жетварите реагираат дека мелничарите не ја почитуваат договорената откупна цена со Владата од 14 денари за килограм, па даваат 3 денари помалку. „Има луѓе кои го складираат дома житото, но и онакви кои жнеат и нема каде да го носат житото, па е по нивите. Досега нивите требаше да бидат ожнеани, но не одговара цената. Владата донесе некоја цена да се откупува по 14 денари, но не се откупува по таа цена, туку по 11 денари. Во Егри има 600 тона, ако се откупени 20 до 30 тони, другото сè лежи по гражите и повеќе од пола е на нива“, изјави Павле Митревски, преставник на земјоделците од село Егри, едно од најплодните со пченица, пишува „Р.С.Европа“. Дел од мелничарите објаснуваат дека сè уште имаат залихи со пченица увезена од Србија. Во вакви услови не можат на земјоделците да им ја исплатат договорената цена. Има и млинари кои плаќаат по 12 денари од килограм за примено жито или 14 денари доколку земјоделците прифатат да им биде платен родот во септември. Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски деновиве изјави дека по нивни проценки, половина од годинешната реколта на пченица не е откупена и побара млинарите да имаат пофер однос кон земјоделците. „90 проценти од жетвата е завршена. 40 проценти од пченицата веќе е во силосите, останува уште добар процент околу 50 проценти пченица да се откупи од мелничката индустрија. Ние како Влада направивме сè за да ги заштитиме земјоделците, но од друга страна очекувам и мелничарите да имаат пофер однос кон земјоделците и за брзо време да ја откупат пченицата која сè уште не е откупена“, вели Коњановски.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?