Земјоделците во Куманово треба да ги ажурираат податоците во фарм регистарот
Објавено во: Агробизнис 30 Мај, 2013 15:40
Над 85 отсто од земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане ги ажурирале податоците во електронската база на податоци или во фарм-регистарот на земјоделските стопанства. Од кумановската Подрачна единица ги повикаа земјоделците кои досега не ги ажурирале податоците да се пријават во подрачната единица и да ги скицираат своите парцели во системот за идентификација на земјишни парцели.
- Земјоделците навереме се информирани преку огласни табли, прирачници односно упатства издадени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, како и преку медиумите. Сите оние кои имаат промена во нивниот имот, доколку извршиле продажба или купиле нова парцела, промените треба да ги пријават, бидејќи ако не ги скицираат тогаш не го исполнуваат условот за барање финансиска поддршка за земјоделството, рече раководителот на подрачната единица Насер Даути.
Новината за скицирање на земјиштето е воведена од минатата година, а цел на оваа програма е да се знае реална состојба на терен, да се знае точно колкава површина обработуваат земјоделеците,објаснуваат надлежните.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





