05 Декември, 2025
0.0428

Земјоделците загрижени, жетвата во Пелагонија одложена

Објавено во: Агробизнис 11 Јули, 2013 19:38

Добивај вести на Viber

Поради големите врнежи од дожд и град, жетвата на пченицата во Пелагонија годинава е одложена, па наместо да почне за се жнее во првата недела од јули, комбајните не влегоа во нивите. Како причина за ова се наведува големата влага, па земјоделците сега стравуваат дека ќе дојде до оштетување и помал род. Според претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров, паднале во вода очекувањата за поголем род на пелагониските земјоделци кои годинава очекувале богата жетва. Земјоделците сега дополнително стравуваат поради најавите дека Владата ќе ја повлече одлуката за условен увоз на српската пченица и брашно, што ако се случи, дополнително ќе ја намали цената на пченицата. Според најавите на  министерот за земјоделство,  шумарство и водостопанство,  Љупчо Димовски откупната цена на пченицата годинава изнесува 14 денари за килограм, но голем дел од земјоделците веќе се пожалија дека успеале да земат едвај 12 денари за килограм лебно зрно.
 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?