Добивај вести на Viber
Многу често климатските промени имаат последици врз земјоделството, поради што од нив зависат и намирниците кои секојдневно ги користиме. Според „Хафингтон пост“ некои од нив би можеле да исчезнат до 2050 година, како на пример кафето, чие семе потекнува од земјите околу екваторот, зони каде температурите растат многу побрзо отколку на други места.
Стеблата на кафето арабика на кое отпаѓа 75 отсто од вкупното светско производство, се чувствителни на габата hemileia vastatrix која предизвикува скапување на билката, а климатското загревање е главниот причинител на оваа болест.
Според студијата од 2011 кафето арабика во Никарагва и Мексико во наредните неколку децении ќе исчезне целосно.
Светот би можел да остане и без чоколадо бидејки 70 отсто од какаото се произведува во Западна Африка, каде температурите ќе се зголемат во просек за 2,3 степени до 2050. Цената на какаото би можела да експлодира.
Климатските промени влијаат и врз лозјата. Француските лозари веќе забележуваат дека, грозјето созрева порано и содржи повеќе шеќер, а помалку киселина. Доколку овој тренд продолжи, лозарите би можеле лесно да останат „технолошки вишок“.
Премногу благите зими предизвикуваат помалку плодови на јаболка и помала берба. Истото важи и за кајсиите, крушките, праските и сливите.
Во едно истражување од 2010 објавено од Националниот совет за одбрана на ресурси, до половина век една третина од САД ќе се соочат со недостиг на вода.
Поради глобалното затоплување загрозени се исто така и бананите, како и хмељот, кој е чувствителен на големиот пораст на температурите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: