05 Декември, 2025
0.0940

Земјоделските производи со најголем потенцијал за украинскиот пазар

Објавено во: Агробизнис 08 Јуни, 2013 19:15

Добивај вести на Viber

Земјоделството преку пласирање на македонските земјоделски производи на украинскиот пазар е со најголеми потенцијали за интензивирање на економско трговската соработка со Украина, ова е оценката на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој беше домаќин на македонско-украинскиот бизнис форум во Скопје на кој учествуваа стопанственици од Украина, предводени од претседателот на Украинската стопанска комира Генади Чижиков. Азески и Чижиков потпишаа договор за соработка, со можност за инвестирање во земјоделството, транспортот и енергијата.

Според Азески, извозот мора да се пренасочи кон источните земји, а Украина е една од тие земји, со интересен и огромен пазар за македонските компании.

-  Извозот мора да се пренасочи кон источните земји што имаат динамични економии кои имаат голем пазар и се пријателски расположени кон нас. Една од тие земји е Украина. Украина е интересен и огромен пазар за македонските компании со над 45 милиони жители, а бележи значаен континуиран економски раст, оцени Азески.

Претседателот на Украинската стопанска комора рече дека биснисмените од Украина сакаат да најдат деловни партнери во Македонија и оти се интересираат за бизнис климата во државата.

- Имаме и енергетика и јаглено производство и луѓе што се занимаваат со метал. Има и компании кои ги изградиле најголемите трговски центри во Украина кои инвестираат во угостителски бизнис, компании кои се занимават со градежни материјали.Тие претпријатија дојдоа овде не само за да се покажат себеси да најдат партнери, туку тие се исто така многу заинтересирани за бизнис климата која е сега во Македонија, наведе Чижиков.

Украинската бизнис делегација која е во посета на земјава од вчера имаше средба со министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и со раководството на Сојузот на стопанските комори.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?