05 Декември, 2025
0.0473

ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Објавен нов повик за користење на средства од ИПАРД

Објавено во: Агробизнис 27 Октомври, 2014 11:22

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството го објави 10-от повик за користење на средствата од ИПАРД фондовите на Европската унија, наменети за земјоделско производство. Огласот за искористување на парите од оваа петта компонента од инструментот за претпристапна помош ИПА трае до 10 декември. Парите се наменети за инвестиции во земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање со цел да се достигнат стандардите на Европската унија, за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи и за диверзификација и развој на руралните економски услуги. Потребната документација за подготвка и поднесување барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Од службениците во Агенцијата земјоделците можат да добијат и совети за аплицирање и подготовка на проектите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?