05 Декември, 2025
0.2998

Земјоделството нема да има негативни последици по влезот на Хрватска во ЕУ

Објавено во: Агробизнис 29 Мај, 2013 11:00

Добивај вести на Viber

Македонија по 1 јули годинава, од влегувањето на Хрватска во Европската унија, нема да почувствува никакви негативни последици во однос на трговијата со земјоделските производи, изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски.

Според него, веќе се реализирани преговорите со надлежните институции од Унијата, а нашиот тим одлично ја завршил работата. Количината наливно вино кое беше предмет на извоз во Хрватска е зголемена и е ставена во квотата производи кои ќе можат да се извезуваат дополнително во ЕУ. За сите останати земјоделски производи од Македонија ќе има слободен извоз, без никакви царински ограничувања и контингетни, додека за увозот од членките на ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска, квотите се проширени, но за најмногу до половина од увозот на хрватските на македонскиот пазар.

- Ова е позитивно за нас, договорот треба да биде потпишан многу скоро и веќе од 1 јули ќе тереба да се применуваат овие одредби, рече Димовски пред регионалниот агробизнис форум.

Форумот го организираа Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и УСАИД со цел јакнење на соработката меѓу компаниите од регионот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?