05 Декември, 2025
0.1216

Земјоделциите, пензионерите, социјалците протестираа поради опструкциите за буџетот

Објавено во: Економија 16 Декември, 2012 16:35

Добивај вести на Viber

Земјоделциите, пензионерите и социјалците денеска беа собрани на протест во центарот на Прилеп пред седиштето на СДСМ. Револтирани се поради острукциите на опозицијата за донесувањето на буџетот за 2013.

Од сојузот на тутунските здруженија на Македонија, од каде велат зборуваат во името на 40.000 македонски тутунарски семејства или околу 200.000 жители, нагласуваат дека недонесувањето на буџетот е катастрофа за земјоделците, со нив и за тутунарите.

- Го повикуваме СДСМ да не го опструира донесувањето на буџетот, оти гласајќи за него, се гласа за земјоделците, пензионерите социјалците. Последиците се големи зашто земјоделците не ќе може да ја работат земјата, а со тоа и да живеат, не ќе може да ги користат тракторите земени по принципот 50/50 со помош на државата, не ќе стигнат до нив 135-те милиони евра субвенции. Доколку тутунарите не ги добијат и 60. денари на име субвенции, тутунопроизводството ќе се преполови, од 20.000 ќе се симне на 10.000 тони, изјави Милески барајќи до 20 декември буџетот да се најде пред пратениците и да се расправа.

Томе Ристески, корисник на инвалидска пензија, гласно се прашува што ќе прави ем без малата пензија, ем без субвенциите за тутунот зашто неговото семејство, како и најголемиот дел прилепски семејства, егзистира од тутунопроизводството.

- Се чувствуваме понижени од СДСМ, вели Северџан Амедоски, корисник на социјална помош.

На денешниот протест земјоделците во центарот на Прилеп ги донесоа тракторите кои велат ги добија со помош на државата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката