05 Декември, 2025
0.0285

Земјоделците бараат повеќе пари за аграрот

Објавено во: Агробизнис, Економија 03 Август, 2015 17:52

Добивај вести на Viber

По лошата откупна сезона и ниските цени, струмичките земјоделци јавно ги повикаа пратениците од Собранието на РМ и побараа при ребалансот на буџетот да се даде поголем надомест од за раноградинарите.

Земјоделците оваа година се справуваа со ниски откупни цени и пласман на произведените овошја и зеленчук. Од Здружението на земјоделци, во изјава за Алсат се пожалија дека дел од нивните задруги останале да скапуваат на нивите.

„Сведоци сме од теренот дека во нашиот регион посебно во Куклиш, Струмичко има формирано две задруги во последните 5 години и за жал и тие не можеа да го пласираат своето производство и нивниот производ остана да скапува на нивите. Најверојатно лошата поставеност на функционирањето на задругите или необученоста на сите оние кои ќе управуваат и функционираат во склоп на задругите го покажа тоа што се случи на теренот. Оваа Влада нема никаква стратегија за домашното земјоделство“, вели Ристо Велков од Здружение на земјоделци.

Од Здружението порачаа дека Владата мора стратешки да пристапи кон производство и пласирање на домашните земјоделски производи. Тие бараат да се воведе систем на едукација на земјоделците и однапред да се истражуваат пазарите за стратешки да се насочи производството.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?