05 Декември, 2025
0.7825

Земјоделците тешко доаѓаат до кредити

Објавено во: Агробизнис 09 Април, 2013 12:58

Добивај вести на Viber

Недоволна информираност, хипотеки на објект или земјоделоско земјиште, нерасчистени имотно-правни односи, нереална проценка на имотот како предмет за давање под залог, долги процедури и сложена документација, се најчестите причини поради кои мал број земјоделци аплицираат за  добивање земјоделски кредити.

Како што беше речено на денешната конференција „Kредитирање во земјоделството-состојби и перспективи“, дополнителен проблем е и обезбедувањето жиранти зашто во денешно време на криза тешко некој се нафаќа на ваква услуга.

Земјоделците имаат најголема потреба од кредити за капитални инвестиции, а помалку за репроматеријали.

- Земјоделците не се одлучуваат на земање кредии и поради многу високи камати кои се движат од 12-15 отсто, краткиот грејс период, проблемите со исплатата на ратите, а сметаат и дека периодот за враќање на заемот е ралативно краток, изјави Андирја Секуловски од ФФРМ.

Според истражувањето на Федерацијата и Центарот за економски анализи (ЦЕА)спроведено на 100 испитаници, земјоделците сметаат дека за нив најповолна каматна стапка би била од 2 до 7 проценти или во просек до 4 отсто.  Сите анкетирани наведуваат дека грејс периодот што го пропишуваат банките е краток и треба да биде подолг особено во сточарството каде треба да изнесува минимум 1 до 2 години, како и во овоштарството каде е најдобро да биде повеќе од 3 години.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?