02 Декември, 2024
0.0240

Земјоделците задоволни од откупот на тутунот

Објавено во: Агробизнис 23 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Околу 98 отсто од тутунот во Македонија е веќе откупен, преземени се 25.416 тони тутун со просечна цена од 180 денари за килограм, рече заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на откупниот пункт во Тутунскиот комбинат во Прилеп и во селото Мажучиште. „Ако се земат предвид и откупените количества во предвремениот рок од околу 1,5 тон по просечна цена од 165 денари може да се рече дека сме задоволни зашто имаме квалитетна реколта и ефикасен откуп“, изјави Коњановски. Од годинашниот откуп, нагласи, се задоволни и производителите во регионите на Струмица, Радовишко, Прилепско. „На средбите, тутунарите велат дека откупот досега не бил волку добро организиран што за нас е дополнителен поттик да ги следиме состојбите, да ја усогласуваме легислативата и да ги поставуваме правилата на игра'“, истакна Коњановски. Заменик министерот изрази благодарност за соработката со Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, со стручните кадри во Министерството и со локалните власти посебно во прилепскиот регион. Министерството, додаде, е во постојан контакт со тутунските здруженија и потсекторот за тутун. Сите забелешки на земјоделците се разгледуваат и се преземаат максимални напори да им се излезе во пресрет. Одговарајќи на новинарски прашања, Коњановски нагласи дека окрупнувањето на земјоделското земјиште е неопходен процес за успешено и конкурентно производство, а законот за задругарство што е веќе во процедура, треба да се донесе за околу еден месец. „Поставивме здрава законска регулатива, но мора да знаеме дека треба окрупнување и на површините кои во земјава се исцепкани. Тоа е практика во европските земји која ја следиме и е успешна и продуктивна за земјоделците“, изјави Коњановски. Во врска со субвенциите подвлече дека „ветената поддршка земјоделците ќе ја добијат согласно законските рокови. „Секогаш се чека да завршат откупните претпријатија и да достават списоци. Како што вети Владата, тутунарите ќе добијат по 1 евро субвенции за секој откупен килограм тутун“, потсети заменик министерот. Коњановски информира и дека ќе биде разгледана можноста можноста за поедноставување на процедурата за издавање бел картон што е своевидна виза за новото тутунопроизводство. „Ќе направиме анализа и ако има простор за мала гилотина од тој аспект, ќе ја спроведеме се за да им се излезе во пресрет на тутунарите“, рече заменик министерот Зоран Коњановски кој денеска се сретна со тутунарите во прилепското здружение „Мице Козар“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.