16 Декември, 2025
0.0345

Земјотрес со интензитет од 5,5 го потресе Кипар

Објавено во: Балкан 15 Април, 2015 15:06

Добивај вести на Viber

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер беше регистриран во Кипар во 11,25 часот по локално време, соопшти кипарската новинска агенција КНА, повикувајќи се на Сеизмолошкиот центар во земјата.

Потресот бил почувствуван на целиот остров и најмногу во областа на пристанишниот град Пафос.

Епицентарот бил во морето на 8 км северозападно од градот Пафос.

Агенциите објавија различни податоци за длабочината на земјотресот. Според КНА потресот бил на длабочина од 25 километри, а ТАСС претходно соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот предизвикал паника меѓу населението.

Жителите на градот Пафос излегле од домовите исплашени. Многу од нив рекле дека пред основниот потрес слушнале страшен татнеж.

Засега нема податоци за жртви и разурнувања, пренесоа агенциите.

До 12 часот биле регистрирани 10 последователни потреси со помала сила.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството