Земјотрес стресе два града во Македонија
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2023
Се стресе западниот дел на Македонија. Земјотрес е почувствуван во Охрид и Струга. Како што објави Европскиот медитерански сеизомолошки центар, епицентарот бил на 11 километри северозападно од Охрид на длабочина од два километра со јачина од 2,3 степени.
Земјотресот го почувствувале и во Албанија. Месецов имаше силни земјотреси во Турција, Сирија, Романија, Таџикистан, Аргентина.