Земјотресите во Италија може да имаат последици и во Македонија
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Серијата на силни земјотреси во Италија ја загрижуваат јавноста со оглед на тоа што пред два месеца слични моменти преживеа и македонските граѓани, но за среќа без жртви или поголеми материјални штети.
Сеизмолозите оценуваат дека земјотресите во Италија во последниот период може да значат создавање нов расед или се отвора некој за кој досега помалку се знаело. Тоа, секако, е поврзано и со регионот и може да има влијание и во сеизмичката активност во Македонија, оценија сеизмолозите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, пренесува Дневник.
Италијанските сеизмолози оценија дека честите тресења на земјата се, всушност, производ на нов земјотрес, а не на стариот, кој во август годинава го уништи градот Аматеур.
- Тоа не се афтершокови, тоа е нов земјотрес - вели Марио Този од Националниот институт за геологија на животната средина и геоинженеринг (ИГАГ).
Тој додава дека во следните месеци може да се очекуваат серија удари, но би требало да се послаби.
Италија исто како и Македонија страда од ударите на африканската тектонска плоча во евроазиската. Тоа движење предизвикува силни земјотреси во целиот регион, најчести се во Грција и Италија, но во последно време засилена сеизмичка активност има и во Македонија и на целиот Балкан.