Жена повредена кај штипското Чардаклија почина во болница
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2016
65 годишна жена загина во тешка сообраќајна несреќа попладнево во 16.40 часот во близина на штипското село Чардаклија.
Таа била сопатник во возило „опел тигра“ кое се судрило со џип „грaн чироки“.
Брзата помош од Штип укажала прва помош на жената на местото на несреќата, но во болница таа починала.
Со повреди се здобиле возачот и еден сопатник во џипот кои, исто така, се задржани во штипската клиничка болница.