ЗЕНГОВСКА ЗА СКАНДАЛОТ ВО КУМАНОВСКАТА ГИМНАЗИЈА: Во училиштата би требало да има етички кодекс на однесување
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 10:44
Минатата недела на социјалните мрежи се раширија недолични фотографии од директорот на Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, Горан Димитријевиќ.
По овој скандал директорот изјави дека се работи за монтирани фотографии и дека некој го уценувал на социјалните мрежи, но откако не добил пари, ги објавил фотографиите. За мотивите рече дека не му се познати зошто тоа е направено. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски очекува полицијата да го расчисти случајот со објавените фотографии.
За да нема вакви скандали во иднина, во училиштата првенствено има или би требало да има етички кодекс на однесување од страна на образовниот кадар. Би можело да има етичка комисија која ќе биде одговорна да санкционира одредено недолично или непрофесионално, вели за Фактор психологот Јана Зенговска од Првата детска амбасада Меѓаши. Таа додава дека во целокупното живеење има промена на моралните вредности. Објаснува дека тоа што во минато било многу важно како карактеристика и начинот на однесување на наставниците од денешна преспектива не му се придава толку големо значење.
„Наставниците се многу поотворени за сугестии во однос на начинот на пренесување на знаење, ги учиме и охрабруваме деца се почесто да се вклучуваат активно и да развиваат критичко мислење, што не е пример во минатото. Но, она што е заеднично без оглед на времето во кое живееме е дека просветните работиници имаат голема одговорност пред децата. Добар наставник покрај професионалните компетенции има и личности способности за споделување и начин на пренесување на знаење, препознавање и превенирање на насилство, способност за активно слушање, емпатичнот, отвореност и прифаќање на децата без предрасуди“ - вели Зенговска.
За случаите кога просветените работници покажуваат недолично и неморално однесување, објаснува дека тоа е негативно за децата и нивниот развој.
„Секако дека овие појави негативно се рефлектираат кога станува збор за децата. Наставниците не се само пренесувачи на знаење, тие претставуваа и модели кои им помагаат на децата да изградат одредени вредности кои ќе ги следат во текот на живеењето. Ја потикнувааат креативнота и ја зголемуваат самодовербата и желбата за учење или обратно можат целосно да им ја потисната овие аспекти на децата. Училиштето е најважно кога станува збор за превенција, од насилство или било кој вид на девијантни појави“ - додава Зенговска.
Според Зенговска, потребни се строги критериуми при вработување на наставници и други работни профили во училиштата. Иако редовно има контрола од страна на Министерство за образование и Биро за развој на образованието, можеби би требало да се размисли за друг модалитет на супервизија кој би го бил насочен кон начинот на однесување на проесветните работници не на програмата која ја спроведуваат, наведува Зенговска.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




