Жерновски ја запре изградбата на улица на кеј, од Град Скопје прашуваат каде тој е градоначалник
Објавено во: Македонија 19 Март, 2017 17:11
Запрени се градежните активности на шеталиштето на кејот 13 Ноември.
Инспектор
од Општината Центар им издал усна наредба на работниците кои утринава
заградиле двојно поголем простор и ги извадиле плочките од патеката во должина
од 50-тина метри.
Угостителите и денеска се собраа во знак на револт од намерата двонасочна улица
да поминува пред нивните објекти.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во писмен допис вели дека во постоечкиот ДУП за Мал ринг на тоа место нема предвидено улица туку подземна сервисна улица.
„Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира
шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот ДУП - никаде не
постои. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само
за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема
потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на
Телеком, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП“- стои во
соопштението на Жерновски.
Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека изградбата на оваа пристапна улица со посебен сообраќаен режим е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар во 2012 година, а истата ја гради приватен инвеститор.
„Господине Жерновски на која општина сте вие градоначалник? Дали си ги познавате ингеренциите. Што правевте четири години? Да ви повториме! Доколку не ви се допаѓа планот зошто не го сменивте? Дали стоите на зборот дека посочената сообраќајница е подземна во ДУП-от е подземна како што велите и доколку е така дали сакате истото да го докажете пред судските органи?“ - наведуваат од Град Скопје.
Повторуваме , Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради, додаваат оттаму.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




