Жерновски: Не се бунеа кога имаше 35 приговори за Центар, а сега еден е пресуден
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 17:00
Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар, потсетува дека на локалните избори во 2013-та имаше вкупно три круга на гласање само со цел да не дојде до победа на опозицијата, а ДИК прифати бројни проговори, затоа сега се чуди како може ВМРО-ДПМНЕ три дена да ја држи јавноста на работ на судир за приговорите на СДСМ.
- На локалните избори во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар поднесе вкупно 35 приговори, од кои 29 беа прифатени од страна на нивниот ДИК. Да биде појасно, тоа се 29 од вкупно 66 избирачки места, што значи дека речиси половина од сите избирачи беа принудени да прегласуваат, само поради фрустрациите на владејачката партија.
Денеска, иста власт-друга песна, но со веќе добро познатото лицемерие. ВМРО-ДПМНЕ смета дека било скандалозно тоа што се усвоил еден приговор и се отворила можност за прегласување на едно изборно место во Гостивар. Ако има нешто што оваа власт го згази до корен, тоа се правдата, праведноста и еднаквоста.
Груевски буквално се однесува како монарх, а неговите соработници како дел од кралското семејство, посочи Жерновски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




