ЖЕСТОКО ВО ДИК: Приговорот на БЕСА ги скара членовите, потписот на Фатиме е лажен!
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 16:39
Графолошкото вештачење покажа дека потписот на Фатиме Сулејмани во избирачкиот список е лажен, што ги потврди тврдењата на гласачката на која и било оневозможно да гласа.
ДИК во моментов го разгледува приговорот на движењето БЕСА а меѓу членовите се води и жестока дебата.
Од Избирачкиот одбор, вчера сведоците тврдеа дека потписот бил ист како во личната карта и затоа се сомневале дека тоа е обид за повторно гласање на иста личност, поради што побарале да се потпише на бел лист.
Претставничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева вели дека овој приговор треба да се отфли бидејќи смета дека поради еден глас не треба да се поништи цело избирачко место. Таа кон претседателот на висок тон рече дека токму поради оваа одлука членовите на избирачкиот одбор кои биле задолжени за тоа избирачко место ќе лежат во затвор поради пропустите.
Субхи Јакупи пак изненадно го промени мислењето и рече дека овој проговор треба да биде одобрен.
Атмосферата на моменти е тензична.
Едни бараат пауза, други велат дека Комисијата треба да продолжи со работа.
Додека ДИК одржува седница, надвор се собрани приврзаници на владеачката партија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




