Жетвата на ориз привршува, колкави се приносите?
Објавено во: Агробизнис 03 Ноември, 2016 13:14
Во кочанско 70% од површините под ориз се ожнеани.
Од насеаните 4.850 хектари во регионот од кочанско, виничко, штипско и пробиштипско, годинава се очекуваат просечни приноси по 5000 килограми од хектар.
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани објаснуваат дека во кочанскиот производен регион од засеани 4.300 хектари, а досега се ожнеани 72% од површините. Приносите на некои површини се движат од 4.500 до 5.000 килограми од хектар.
Годинава подобри приноси има кај турските сорти ориз, но, не изостануваат по приносите и домашните сорти ориз Ер 76, Прима Риска и Монтеса, како и сортите Монтичели и Кочански. Жетвата на оризот се очекува да заврши за десетина дена.
Во овој дел од Македонија во полн ек е и есенската сеидба. Планирани за сеидба се 6.400 хектари од кои повеќето површини се планира да бидат насеани со житни култури-пченица, јачмен и рж односно 6.100 хектари. Досега есенската сеидба во кочанско е реализирана со 36%. Таа треба да заврши во наредните две недели.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





