Зголемен откупот и продажбата на земјоделските производи
Објавено во: Агробизнис 10 Мај, 2013 15:29
Откупот и продажбата на земјоделски производи во март годинава бележи пораст од 14,4 отсто и изнесува 585.260.000 денари, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 50,3 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 7,4 отсто.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, живината и јајцата, млекото и млечните производи, додека намалување се бележи кај: житата, фуражните растенија, алкохолните пијалоци, добитокот и рибата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





