Зголемен увозот на свинското и живиното месо
Објавено во: Агробизнис 23 Септември, 2013 14:20
Месните капацитети во државата ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за свежо месо, а недостиг има за преработките што се надополнува со увоз од околу 90 проценти говедско и 50 проценти свинско месо.
Од Стопанската комора на Македонија посочија дека зголемување на увозот има кај свинското и живиното месо, а благо намалување кај говедското месо.
- Сточарското производство, кое е базата на месната индустрија, за жал, не бележи позитивни резултати во изминатата деценија. Според статистичките податоци, бројот на говедата е на исто ниво, односно околу 250 илјади во изминатите 10-тина години со благи отстапувања, а има драстично намалување во овчарството каде во 2000 година имаше еден милион и триста, а сега едвај 600 илјади овци. Намалување има и кај свињарството од 250 милијади во 2000 година, до 176 илјади свињи сега. Намалување има и кај живинарството, истакна Васко Ристовски на денешната прес-конференција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





