Добивај вести на Viber
На крајот од првиот квартал од 2013 година Вип има повеќе од 626,000 корисници, со постојан раст на уделот на постпејд сегментот од околу 45%. Во истиот квартал Вип забележа и раст на пазарниот удел до повеќе од 28% .
Во соопштението од компанијата се вели дека приходите на компанијата пораснаа за 13%, споредено со истиот период минатата година достигнувајќи над 15 милиони евра.
Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација изнесуваше 1,8 милиони евра во првиот квартал од 2013 година, додека оперативната добивка порасна до 1,9 милиони евра наспроти оперативната загуба од 0.3 милиони евра во првиот квартал од 2012 година