Добивај вести на Viber
Зголемени 30 отсто од обработливите земјоделски површини во најголемата житница во земјава Пелагонија, а млекопроизводството порасна за половина, покажуваат податоците од подрачната единица за земјоделство во Битола.
Началникот Илија Србиновски објаснува дека овие податоци се дадени споредбено со состојбите од 2007 година и смета дека ваквиот нагорен тренд се должи на субвенциите што им ги дава државата на земјоделците.
-Од 2007 година, па досега за есенска сеидба во Пелагонија се обработувале вкупно 18.000 хектари. Оваа година засеаните површини достигнаа до 25.000 хектари. Стигнавме до производство на 50.000 литри млеко, а порано беа 25.000 литри. Тоа покажува дека субвенциите придонесуваат за зголемување на производството“, вели Србиновски за Дневник.
Тој посочува дека во Пелагонија засега само 70 отсто од земјоделската површина е заведена како земја што се обработува, а останатите 30 отсто иако се користат, земјоделците не ги пријавуваат. Поточно, од 50.000 хектари обработлива површина само околу 35.000 хектари се заведени. Останатите не се заведени зашто земјоделците не ги решиле имотните односи за тоа земјиште.
Во Пелагониско пријавени се 16.000 земјоделци кои користат субвенции. Од подрачното одделение најавуваат дека во иднина субвенциите ќе растат за оној род кој ќе биде поквалитетен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.