20 Декември, 2025
0.0379

Жените од СДСМ во голема хуманитарна акција

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2013 19:13

Добивај вести на Viber

Жените од опозициската СДСМ денеска организираа голема хуманитарна акција во целата држава во која собираа облека и обувки за социјално загрозените сограѓани. Третата по ред ваква акција се одвива под мотото „Дарувај од срце“, а Форумот на жени од општинските организации на СДСМ ја прави заедно со Црвениот крст и по повод новогодишните и божиќните празници. Притоа жените  членки и симпатизери на СДСМ донираа топла облека и обувки, а диструбуцијата е оставена на волонтерите од Црвен Крст. Вклучени беа локалните заедници од Битола, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица, а централниот настан беше организиран во паркот Жена - борец, во Скопје. „Во овие тешки времиња, кога едвај се составува крај со крај, кога економската моќ на граѓаните е сведена на минимум, навистина голем е човекот кој умее да го подели она скромно што го поседува со својот пријател, сосед, сограѓанин“, посочија од Форумот. Жените претходно ги повикаа сите сограѓани без оглед на партиската, верската или национална припадност да се вклучат во акцијатаи да им помогнат на луѓето кои имаат вистинска потреба од оваа помош.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии