05 Декември, 2025
0.0373

Жерновски бара оставка од Миле Јанакиески, ВМРО ДПМНЕ го обвинува дека е неспособен!

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2014 08:45

Добивај вести на Viber

По продажба на земјиштето во центарот на Скопје, за багателна цена, а потоа и одлуката за поништување на продажбата – скандалот добива нови димензии. За да се одбрани од негативните реакции на јавноста, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, топката ја префрла во рацете на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, тврдејќи дека и Жерновски сакал истата локација да ја продава за иста цена. Министерството за транспорт ја продаде атрактивната локација по цена од 71 денар за квадратен метар, а почетната цена на јавното наддавање беше 61 денар за квадратен метар. Но, сега од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со документи од седница на општина Центар, во кој е наведено дека истата локација и општината планирала да ја продава по цена од 61 денар за квадратен метар. Со владина Уредба се налага 61 денар за квадратен метар   И министерството за транспорт и врски и општина Центар – за стартна цена ја земаат 61 денар за квадратен метар, бидејќи таа цена е наложена со Уредба, донесена на владина седница на 12 ноември 2013 година. Само шест дена подоцна Уредбата е објавена во Службен весник. Претходно, важеле други Уредби и ако локацијата се продавала согласно старите Уредби, ќе можела да се понуди за повисока цена. Тоа значи дека, на два месеци пред продажбата на спорната локација, владата носи нови правила на игра. Согласно новите правила, почетната цена не смее да биде повисока од 61 денар за квадратен метар, иако претходните Уредби кои важеле дотогаш, дозволувале локацијата да се огласи на јавно наддавање и за цена која е повисока од 61 денар за квадратен метар. „Во Уредбите кои важеле претходно била утврдена „Минималната почетна цена за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на РМ по пат на јавно наддавање“. А, со новата Уредба променета е формулацијата и наместо „минимална почетна“, сега стои „Почетна цена по која се оттуѓува градежно земјиште во сопственост на РМ на јавно наддавање.“ Тоа значи дека со новата Уредба локацијата мора да се понуди со почетна цена од 61 денар за квадратен метар, а со претходните Уредби локацијата може да се понуди со минимална почетна цена од 61 денар за квадратен метар, што значи се остава простор да се понуди за повисока цена од минимално утврдената. „Токму ова отвора нова дилема, зошто Владата се одлучила да ја измени Уредбата и ја фискирала цената од 61 денар за квадратен метар како почетна, за разлика од претходно важечките Уредби согласно кои локација наместо по багателна цена ќе можела да се понуди и по многу повисока цена? Токму затоа, министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, откако изби скандалот постојано се повикува дека постапил законски во продажбата на локацијата. Но, сепак честата измена на законите, подзаконските акти, уредбите и сите правила кои ги носи владата отвораат дилема дали тие измени понекогаш не се иницирани од разни политички или бизнис интереси. На следниот линк огледнете кои се почетните цени за локации во секоја општина поединечно објавени во Службен весник.        http://www.slvesnik.com.mk/Issues/5b78e432741642cf886dc3d7d7ab96f7.pdf Жерновски: Јанакиески да поднесе оставка Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски побара оставка од министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески. Жерносвки од пред зградата на министерството за транспорт, вчера им се заблагодари на сите граѓани кои со нивните реакции предизвикале да биде стопирана, како што рече криминалната продажба на локацијата. „Се работи за несериозно подготвен тендер и затоа Јанакиески треба да си даде оставка, бидејќи обидувајќи се да се спаси, во лаги го вовлекува и директорот на катастарот. Не е точно дека во министерството немале информации дека на спорната парцела има тројца приватни сопственици. Бидејќи тоа стои и во графичкиот дел што го доби општина Центар уште во септември 2013 година, а тоа може и секој да го види, велат за Фактор од општина Центар. Дополнително оттаму потенцираат дека нзачудува фактот што за една таква атрактивна локација понудена за багателна цена, имало само еден заинтересиран. Јанакиески: Жерновски нека дојде да ги провери документите Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги отфрла обвинувањата од градоначалникот Андреј Жерносвки во однос на тоа дека знаел оти на парцлата има приватни сопственици. А од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека Жерновски продолжува со тенденциозни обвинувања наместо да почне да работи. „Очигледно, Жерновски кога не знае што друго попаметно да направи ја лаже македонската јавност. Наместо со тенденциозни невистити Жерновски конечно треба да се зафати со тоа за кое што е избран од граѓаните. Тој 9 месеци е на позицијата градоначалник и наместо да реализира проекти тој се занимава со лажење и барање на виновници за неговата неспособност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“