Добивај вести на Viber
Градоначалникот на Центар Андреј денеска изјави дека буџетот на општината е потрошен. Тој за таквата состојба го обвини неговиот претходник Владимир Тодоровиќ.
Според него, најбогатата општина во касата има нула денари средства. Жерновски порача дека очекуваниот прилив до крајот на годината е 350 милиони денари, а иста е и бројката на преземени обврски.
Со земените кредити, како што изјави тој, за двете катни гаражи во висина од 5 и пол милиони евра, потрошен е уште еден буџет.