03 Декември, 2024
0.0263

Нема сила што пролетва ќе спречи поскапување на доматите, краставиците, зелката!

Објавено во: Агробизнис 18 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Водата од поплавените земјоделски површини се повлече, штетите се сумираа, а трговците во малопродажбата веќе почнаа да ги прават математиките за цените на зеленчукот и продажбата. Стравуваат дека поради очекуваното зголемување на цените на зеленчукот, во комбинација со намалената куповна моќ на граѓаните, драстично ќе се намали и продажбата.
-Поради уништените површини со градинарски производи од поплавите, ние веќе очекуваме дека оваа година ќе поскапат доматите, краставиците, зелката и пиперките. На пример лани цената на доматите во сеозна беше 40 денари за килограм, оваа година сигурно 60 денари ќе биде, што многу . Со тоа мислам дека ќе ни падне и продажбата, со такви цени секој што на пример купувал два пати неделно домати сега ќе купува еднаш или ниту еднаш- вели еден пазарџија.
Дека поскапувањето на градинарските производи е неизбежно, предупредуваат и земјоделците од струмичките села, чии што површини беа најмногу погодени од поплавите што неодамна зафатија половина од државата.
-Најмногу е уништена зелката, но и доматите, краставиците и пиперките од пластеничкото производство со загревање. Уништен е и расадот за домати и пиперки, кој беше подготвен за расадување. Јасно е едека ќе има зголемување на цените на пазарите, а тоа ќе биде поголемо доколку голем дел од ограниченото производство на овие градинарски кулутури отиде за извоз- вели Ристо Велков, претседател на Регионалниот синдикат на земјоделски производители.
Поплавите зад себе оставија уништени домати, краставици, пиперки и зелка, кои од половината на следниот месец требаше да се берат и да излезат на пазарот, а ништо подобра не е состојбата и пролетниот расад за доматите и пиперките. И од Федерацијата на фармери на Македонија велат ваквите штети негативно ќе се одразат врз градинраското производство.
-Најголеми штети има кај површините со зелка, но исто така има и големи штети на површини на кои се произведува расаден материјал за садење на домат и пипер. Ваквите штети ќе имаат негативен ефект врз целото градинарско производство и се очекува да има и зголемување на цената на храната- велат од ФФРМ.
Експертите предупредуваат дека поради штетите од поплавите во прашање ќе се доведе и покривањето на домашните потреби, па не ја исклучуваат можноста за зголемување на увозот на градинарски производи.
-Цените зависат од пазарот, ако не е избалансирана понудата и побарувачката, ако има недостиг, а најверојатно и ќе има, ќе пораснат и цените на овие раноградинарски производи. Затоа ако се очекува намалено производство што е неизбежно да биде, оти  доста од родот е уништен, треба навреме да се планира увозот. Ќе мора да се увезе од земјите кои имаат поголемо производство и нудат пониски цени, како на пример Турција. Намаленото производство ќе го поремети и извозот. Најголема цена остваруваме од раноградинарското производство, а ние во тој период на масовна понуда ќе доцниме. Сега треба на земјоделците да им се помогне со семеиња, ѓубрива и заштитни средства. вели Борис Анакиев, пензиониран професор од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Околу милион и пол евра е финансиската штета кај зеленчукот Според проценките на комисиите за утврдување на штетите, вкупната површина погодена од поплавите се проценува на околу 10 илјади хектари земјоделско земјиште, од кое најмногу околу 4 илјади се површини под житни култури,  600 хектари под овошен и лозов насад, а 5 илјади хектари се под градинарски култури. Поплавите уништиле земјоделски површини на 2.000 земјоделци, од кои најмногу се во Струмичко, потоа Радовишко, Богданци, Гевгелија, Штип , Велес и Кочани, а во Битола целокупната штета е предизвикана на земјоделски комбинат. Во пари по култури најголема е штета кај зелката 650.000 евра, потоа кај доматите 406.000 евра, 178.000 евра кај краставиците, кај луцерката 97.000 евра, 81.000 евра кај пченицата, кај пиперките 49.000 евра, а по 16.200 евра е финансиската штета кај компирот и марулата. Владата одобри 487.804 евра,за помош на земјоделците кои претрпеа штети. Оваа сума претставува 30 проценти од вкупната проценета штета од околу 100 милиони денари.Отштета ќе добијат и регистрираните и нерегистрираните зејмоделци. Со пакетот владини мерки предвидено е на околу десеттина регистрирани земјоделци да им се даде добиточна храна, поточно  по 750 килограми пченка и 12 тони јачмен од стоковите резерви. Дополнително следниот месец ќе биде распишан оглас за доделување државно земјоделско земјиште од 850 хектари, наменето  за производство на добиточна храна, исто така планирано да се направи хемиска и бактериолошка анализа на почвата која беше зафатена од поплавите. Поради овие причини од ФФРМ предложија фармерите кои имаат земено државно земјоделско земјиште под закуп да бидат ослободени од плаќање на трошокот за закуп, со што ќе се овозможи да им се намалат трошоците за производство во оваа година, на површините зафатени од поплавите да се направат педолошки и агрохемиски анализи, за да се види составот на почвата, како и да им се дадат соодветни совети на земјоделците за понатамошни активности кои треба да ги преземат за зачувување на квалитетот на почвата, односно почвата да биде во добра производна кондиција, фармерите да бидат ослободени од плаќање на трошоци на водните заедници во оваа година, давање на ваучери на фармерите за репроматеријали, зависно од големината на површината и културата (препарати, ѓубрива, гориво за земјоделска механизација, расаден материјал и друго) и чистење на речните корита и канали. Градинарското производство е најдобра извозна гранка Градинарското производство е меѓу првите три извозно ориентирани гранки, од кое во буџетот годишно влегуваат повеќе од 66 милиони евра. Околу 200 хектари се под оранжериско производство од кои се вади производство од околу 26.000 тони зеленчук. Пластеничкото производство зафаќа 3.800 хектари од кои се произведуваат вкупно повеќе од 190.000 тони, а производството на отворено зафаќа околу 42.000 хекатри со производство на околу 750.000 тони зеленчук.Најголем дел од производство на раноградинарски производи дури 48 отсто отпаѓа на доматите, потоа следат останатите, зелка, пиперки, краставици и друго. Ј.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.