20 Декември, 2025
0.0681

Жешко лето и скапи цени за скопските базени?

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2013 18:42

Добивај вести на Viber

200 денари денари чини влезница за некој од  трите скопски градски базени. Заедно со трошоците за јадење, пиење или купување опрема, цената за ден по лице достигнува над 500 денари за еден пливачки ден, пресметува порталот Плусинфо. За влез во воениот базен „Аеродром“ прво треба да се пополни барање за членска картичка, без која нема да се примаат гости. Од оваа недела за 120 денари ќе се издава и полудневен билет кој ќе важи од 15 до 18 часот. За дете до 12 години се плаќа 100 денари, а за деца до 3 години влезот во овој базан е бесплатен, додека лежалка чини 50 денари. Пред две години беше реновиран и базенот „Младост“ во Карпош 3. Таму нема членски карти, но задолжителна е пливачка капа којашто чини  300 ден, пишува порталот. За Олимпискиот базен карта чини 200 денари, а потребни се само пешкир и костим за капење за да влез. Кафе или сок овде чини  50 денари, а хот-дог  60 денари. Скопските базени генерално работат од 10 наутро до 17 часот, а и неколку часови од попладнето па се до полноќ. Ќе се нудат и разни месечни пакет-карти за базен кои ќе бидат поевтини, од 2.500 денари во „Младост“ до 3.600 денари во „Олимписки“.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии