05 Декември, 2025
0.1413

ЖЕТВАТА Е НА ПРАГОТ: Нема договор за откупната цена на житото

Објавено во: Агробизнис 02 Јули, 2015 08:25

Добивај вести на Viber

Жетвата на пченицата е на прагот, а земјоделците и мелничарите сеуште немаат постигнато договор за откупната цена на житото. Кон крајот на неделава повторно треба да седнат на заедничка маса за да ја договорат минималната откупна цена. Мелничарите велат дека  цената на пченицата ја одредуваат берзите од регионот и таа не може однапред да се договора. Според информациите од мелничката индустрија, во Србија од каде што најмногу увезуваме пченица, цената на житото е 130 евра за тон, е пониска во споредба со лани. -Цената на пченицата ја одредува, берзите во регионот. Немаме ништо против да дадеме и 15 и 20 денари за килограм пченица, ама нека се зголеми и цената на брашното. Од друга страна од Србија доаѓа пченица по девет денари. Цената на пченицата во Србија сега е 130 евра за тон, и е пониска во споредба со лани. Годинава Србија има 4 милиони тони пченица, имаат и преодна залиха од лани, извозни субвенции, српското брашно во Србија се поскапо а во Македонија поевтино. Ние сакаме да произведем евтин и конкурентен производ, има други механизми како да се заштитат земјоделците. На пример владата да ја покрие разликата помеѓу производната и пазарната цена на пченицата, вели Николчо Ѓорѓиев, претседател на Мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија. Земјоделците пак велат дека откупната цена не треба да биде пониска од 13 денари килограм. -Годинава се поради поплавите се очекува да имам е пониски приноси. Според нашите пресметки сметаме дека откупната цена не треба да биде пониска од 13 денари за килограм пченица, Николче Бошевски, земјоделец од Пелагониско. На минатонеделната средба земјоделците и мелничарите не најдоа заеднички став.Тогаш земјоделците посочија дека минималната откупна цена на пченицата би требало да се движи  од 10 до 14 килограми за килограм во зависност од квалитетот, а мелничарите предложија таа да биде 8 до 9 денари за килограм.Средбата беше одржана во посредство со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Со оглед на тоа што моментално се увезуваат брашно и пченица од ланската реколта и за поголема заштита на потрошувачите, земјоделците и мелничарите побарале Агенцијата за храна и ветеринарство да продолжи со зајакнати контроли на квалитетот и безбедноста на увезенето брашно и над операторите со храна кои вршат увоз на брашно.Од министерот добија уверување дека ќе се следи состојбата и ќе се превземаат сите мерки за  успешна реализација на претстојниот откуп на пченицата во интерес на земјоделците, мелничката индустрија и на потрошувачите. Се очекуваат намалени приноси за 20 отсто Приносите од пченица годинава се очекува да бидат намалени за околу 20 отсто.Мелничарите велат дека сеуште е рано да се зборува за квалитетот на пченицата. Потфрлувањето на приносите е како последица на поплавите кои годинава ја зафатија земјава и нанесоа големи штетите на родот особено во најголрмета житница, Пелагонија. - Во однос на квалитетот на пченицата сеуште е рано да се прогнозира каков ќе биде. Ние секако ќе мора дел од потребите да ги покриеме со увозна пченица, вели Ѓорѓиев. Според статистичките податоци производството на  пченица и приносите по хектар од 2008 година се намалува. Бројките покажуваат дека во 2008 година производството изнесувало 291.719 тони, а во 2013 година е намалено на 258.960 тони. Податоците од Стопанската комора покажуваат дека од вкупните количини пченица кој мелниците во Македонија ги преработуваат, околу 60% е увозна, а 40% домашна откупена пченица. Последниве години е регистрарн драстичен пораст на увозот на брашно. Податоците покажуваат дека од 2011 година до лани увозот на брашно двојно се зголемил,а увозот на пченица бил најголем во 2012 –та година кога изнесувал дури 120.455 тони, пченица која била наменета за стоковите резерви. pcenicaДомашните потреби за брашно изнесуваат 13.563 тони месечно или преку 30 илјади тони пченица. 65 проценти од потребното брашно го произведуваат македонските мелници, а остатокот од 35 отсто се увезува. Само во првите три месеци од годинава во земјава од увоз влегле 7.861 тони брашно и 13.382 тони пченица, најголем дел од Србија.Мелничарите работат со намален капацитет а дел веќе ги затворија погоните.Неодамна за заштита на домашното производство на пченица и брашно, од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКМ подготвија неколку предлог мерки. Првата мерка е да се забрани пуштање во промет на увозно брашно доколку контролната маркица е постара од еден месец. Втората мерка е да се спроведува донесениот провилник за квалитет на брашното при увоз, односно да не се пушта увозно брашно во промет се додека Агенцијата за храна и ветеринарство не даде дозвола по добивање на анализите за квалитет од Акредитирана Лабораторија. Од комората предлгаат Владата да најде начин да ги субвенционира дополнително земјоделците или производителите на пченица по предаден килограм пченица кај лиценциран откупувач преку лиценцираниот откупувач по класите на квалитет. Ако се спроведат овие мерки според групацијата домашната пченица би имала конкурента цена во опкружувањето, а мелничарите конкурентно брашно, што крајно ќе доведе до намалување на увозот или стопирање на увозот на брашно, и би се зголемил извозот. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?