05 Декември, 2025
0.0275

Жетвата на пченицата почна, приносите катастрофални, договорот за откупна цена се изјалови!

Објавено во: Агробизнис 14 Јули, 2015 08:22

Добивај вести на Viber

Земјоделците револтирани понудената цена на мелничарите за пченицата,најавуваат дека ожнеаното жито нема да го предаваат за 9 денари за килограм. Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека тоа не е цената што била договорена на последниот состанок со мелничарите во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. -Ние на последниот состанок се договoривме откупната цена на пченицата да биде 11 денари за килограм со превоз и ддв, за пченица наменета за производство на брашно за се што е со подобар квалитет да се откупува и по повисока цена. Ова што сега се нуди девет денари за килограм е чиста манипулација, мелничарите го прекршија договорот постигнат во министерството, оваа цена е пониска од договореното и земјоделците се револтирани, вели Ефтим Шаклев, претрседател на Асоцијацијата на земјоделци. Според пресметките на земјоделците, производната цена на пченицата односно цената со која ќе ги покрие трошоците не треба да биде пониска од 14 денари за килограм. Најавуваат дека за девет денари за килограм пченицата нема да ја предаваат.Земјоделците велат дека на терен има диви прекупци кои ја уриваат откупната цена на пченицата. -Ние на последниот состанок со мелничарите се договривме за 11 денари со превоз и ддв, сега се нуди 9 до 10 денари за килограм. Ренатабилна цена е 14 денари, но еве ако не може толку , нека понудат 11,5 денари со превоз и ддв. Оваа цена по која што сега се откупува житото е премногу ниска. Ние ги разбираме мелничарите дека се затрупани со залихи од брашно, дека има огромни количини на брашно кое влегува од Србија, но и нашите трошоци се големи. Дел од нив понудија да ни ја чуваат пченицата за 40 денари од тон, на пример Агроберза нуди 60 денари од тон за чување. Во моментов она што се отупува е по 10 денари за килограм, тоа е ниска цена. Од друга страна на терен има прекупци кои откупуваат по девет денари, и тие ја уриваат откупната цена. Земјоделскиот инспекторат исто како лани и годинава не реагира. Јас лично за оваа цена не ја давам пченицата. Засега нема да има друг состанок, бидејќи ни беше кажано дека тој што се одржа бил последен,  вели Драги Мицкоски претседател на здружението Аграр од Прилеп. Ставот на мелничарите е поинаков од земјоделците. Извори за Фактор од мелничарската индустрија велат дека и на последниот  состанок со министерот за земјоделство Михаил Цветков, тие посочиле дека во услови на пазарна економија и бидејќи се работи за берзански производ, откупната цена не може да се договора. Коментираат дека откупната цена од 11 денари која била наводно договорена на состанокот ја понудиле под притисок на министерот. Вчера од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, соошштија дека мелничарите нема да можат да платат повеќе од девет денари за килограм пченица која не е квалитетна според параметрите од правилникот. Оттаму посочија дека увозното брашно чини 14 денари за килограм со што, практично, се уништува мелничарската индустрија. Од Групацијата посочија дека министерството за земјоделство утврди откупна цена од 11 денари за килограм пченица, за пченица според сите параметри за квалитет пропишани со правилникот за квалитет со цел производство на брашно за исхрана. -Цената од 11 денара значи 10 денари за килограм откупена пченица без ДДВ и транспорт. Секоја друга пченица, која ќе биде понудена за продажба, а нема да исполни макар и еден параметар согласно правилникот, ќе се откупува по 8, односно по 9 денари за килограм, без ДДВ и транспорт, посочија од Групацијата. Еве кои параметри треба да ги исполнува пченицата за да достигне откупна цена од 11 денари: – хектолитар                              над 76; – влага                                        максимум     12%; – примеси                                   максимум    2%; – енергија                                   минимум     60 цм2; – број на паѓања по Хагберг     минимум 250; – односен број                           од 1,4 до 2,4; – протеини                                 минимум 12; – влажен глутен                        минимум 24; – седиментација                       минимум 30; – степен на отпуштање            максимум 100; – растегливост                          минимум 130. Од Комисијата за земјоделство на опозициската СДСМ проблемот со откупната цена на пченицата го лоцираат во како што велат отсуството на стратегија за решавање на проблемот. -Владата, во отсуство на стратегија да се надмине овој проблем, секоја година ги остава мелничарите и земојделците на мака, сами да наоѓаат моментални решенија, како што се случува и ова лето.Прво, поради погрешните политики во земјоделството, драстично се намалени површините под пченица. Второ, намален е квалитетот на лебното жито, што ја намалува цената на пченицата. Водите од неисчистените канали што ја поплавија Пелагонија сеуште земаат данок од посевите. Пченицата во Пелагонија се коси и се користи како слама зошто оваа година нема род. Последиците од сето ова се сиромашни земјоделци и држава којашто и покрај сите природни услови што ги има, замислете, со години се потпира на увоз на пченица. Доколку навреме беа исчистеа каналите за одводнување, штетите од поплавите ќе беа многу помали, ќе имаше и повеќе површини, и повисок и поквалитетен принос по хектар. Доколку субвенциите беа навреме дадени, доколку беа обезбедени квалитетен семенски материјал, поевтини заштитни средства, поевтина нафта, тоа дополнително ќе влијаеше на квалитетот на пченицата. Со тоа, цената ќе беше повисока, а пченицата поконкурентна и продадена. вели Татјана Прентовиќ, претседател на Комисијата за земјоделство на СДСМ. Се намалува цената на житните култури на светските берзи Во последниот ивештај на Нардоната банка се посочува дека цената на житните култури на светските берзи умерено ќе се намалува. Според прогнозите на НБМ, цената на пченката ќе расте во побавно темпо, додека цената на пченицата ќе има умерен пад. Ваквите прогнози според НБМ, се резултат на постоењето на солидни нивоа на глобалните залихи, што пак ќе значи и пониски на храната. А токму движењата на цените на пченицата на светските берзи како што велат мелничарите ја одредуваат и откупната цена на домашен терен. Според информациите од мелничката индустрија, во Србија од каде што најмногу увезуваме пченица, цената на житото е 130 евра за тон, е пониска во споредба со лани. Приносите од пченица минимални Во Пелагонискиот регион според информациите на земјоделците околу 50 отсто од житото е ожнеано,а некаде жетвата не е ниту почната. Резулататите како што велат земјоделците се катастрофални, приносите од хекатр се од 1 до 1,5 тона. -Годинава имаме катастрофални приноси од 1 до 1,5 тона од хектар. Во пелагонискиот регион некаде воопшто не е поичната жетва , а некаде е околу 50 отсто нивите се ожнеани, Кавлитетот е добар, но количински имаме мало производство, вели Мицкоски. Годинава според проценките се очекува помало производство на пченица за околу 30 отсто, но податоците од терен покажуваат дека падот може да биде и поголем. Намаленото производство според упатените ќе значи и поголем увоз на пченица. Податоците од Стопанската комора покажуваат дека од вкупните количини пченица кој мелниците во Македонија ги преработуваат, околу 60% е увозна, а 40% домашна откупена пченица. Паралено вопоследницжве години драстично е зголемен увозот на пченица. Податоците покажуваат дека од 2011 година до лани увозот на брашно двојно се зголемил,а увозот на пченица бил најголем во 2012 –та година кога изнесувал дури 120.455 тони, пченица која била наменета за стоковите резерви. Во 2011 година биле увезени 29.947 тони брашно, лани увозот изнесува 40.361 тони. Зголемен увоз на брашно е регистриран и на почетокот на годинава. Така само во првите три месеци од годинава во земјава од увоз влегле 7.861 тони брашно и 13.382 тони пченица, најголем дел од Србија. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?