Жидан: Македонија е на добар пат во делот на земјоделството за приклучување кон ЕУ
Објавено во: Агробизнис
25 Октомври, 2013 14:45
Добивај вести на Viber
Македонија во делот на земјоделството направи многу важни и тешки чекори во приближувањето кон Европската унија, оцени денеска словенечкиот министер за земјоделство и животна средина Дејан Жидан, кој престојува во посета на Скопје.
- Важно е дека она што треба да се направи, мора да се направи на време затоа што во моментот кога ќе се забрза процесот на приклучување кон ЕУ, тогаш нема време. Македонија е на добар пат во делот на земјоделството и сакам уште еднаш да истакнам дека онаму каде што треба помош, Македонија има пријател кој се вика Словенија - нагласи Жидан по средбата со неговиот македонски колега, Љупчо Димовски.
Двајцата министри изразија задоволство од досегашната соработка на ниво на министерства и од зголемувањето на трговската размена меѓу двете држави во делот на извозот и увозот на земјоделски производи.
Од македонска страна е иницирано да се зголеми пласманот на градинарските производи за потребите на словенечкиот пазар.
- Имаме плодна соработка. Од наша страна беше инсистирано да го зголемиме пласманот на нашите градинарски производи за потребите на словенечкиот пазар, но и за потребите на словенечката преработувачка индустрија, истакна министерот Димовски.
Тој додаде дека Македонија има голема поддршка од Словенија во делот на синхронизацијата кон европската регулатива, но и техничка поддршка за реализација на низа проекти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?