04 Декември, 2024
0.0251

Жито Вардар со 5 пати поголема загуба во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани

Објавено во: Агробизнис 30 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Во првите три месеци од годинава Жито Вардар од Велес, најголемиот производител на леб, сточна храна, свинско месо, живина и јајца, оствари загуба од 812 илјади евра -пет пати поголема од истиот период лани.Компанијата за овој период продала стоки во вредност од 2,5 милиони евра, а извезла производи во вредност од 238 илјади евра. Од објавениот финансиски извештај на Жито вардар се гледа и дека компанијата успеала да ги намали обврските кон добавувачите кои во овој период стигнале до 10 милиони евра. Краткорочните заеми пак, пораснале на 2,1 милион евра. Ненаплатените побарувања за овој период изнесуваат три ипол милиони евра. Првиот квартал од годинава Жито Вардар го заокружи со значителен пад на приходите од продажба и на домашниот и на странските пазари. Вкупните оперативни приходи изнесуваат 2 милиони евра и се за 34% помали од истиот период лани.Најголемо намалување има кај приходите од продажба на странските пазари и тоа за 54%, а намалување има и кај продажбата на домашен пазар за 1,3 милиони евра, во споредба со лани. Првиот квартал компанијата го заврши со загуба од 812 илјади евра, што е зголемување за пет пати од истиот период лани, кога загубата изнесувала 143 илајди евра.. Финансискиот консолидиран извештај на компанијата објавен до Македонската берза ги опфаќа и фирмите ќерки на Жито Вардар- Жива јајце, Зрно Трејд, Цезар комерц, Живино комерц, Жи-Ва, Мак месо, Жито вардар промет и свињарските фарми Винеам фарм и Жито Малеш. С.Н.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.