05 Декември, 2025
0.0818

Животот во СФРЈ: Дали Македонија имаше подредена улога во економијата на поранешната држава?

Објавено во: Анализа 09 Март, 2013 08:53

Добивај вести на Viber

Кога ќе се погледнат и анализираат економските показатели на СФРЈ и се компарираат со она што се случува денес очигледна е дистинкцијата тогаш и денес. Сите држави (републики) кои сега функционираат независно и самостојно повеќе од јасно е дека во економска смисла изгубија многу.   Македонија по Вторатат светска војна во Југославија, според расположливите информации влегла како економски најнеразвиена. Сепaк, годините подоцна  македонската економија и стопанство почнале коренито да се изменуваат и градат во социјалистички тип на планирано стопанство. Во исто време започнува и засилена индустријализација на градовите. Македонија почнува да се гради и да напредува со незапирлив подем. Земјава главно го снабдувала југословенскиот пазар со земјоделски производи, градинарски култури и ран зеленчук, овошје, тутун и цигари, челик за бродоградба, текстилни производи и полуфабрикати кои најчесто биле дофабрикувани во Словенија и Хрватска, а подоцна се извезувале и во странство и се пласирале како словенечки и хрватски производи. Википедија хронолошки за распадот на еконмска СФРЈ Сепак, Македонија поради разни околности, била во подредена економска положба во однос на поголемите републики особено на Србија. Поради тоа, економскиот развој во Македонија се задржал само во педесетите и шеесетите години на минатиот век, додека во седумдесетите и осумдесетите се забележувале знаци на економска стагнација, додека републики како Словенија, Хрватска и Србија, економски напредувале во однос на останатите. Договорното стопанство во Македонија, доаѓа во целосен колапс и пропаст кон крајот на 1980 година, за целосно да крахира со распадот на СФРЈ кога се губат тогашните сигурни пласмани на производите на македонските претпријатија на пазарот во Југославија. Македонија денес со најниски примања во споредба со поранешните СФРЈ држави Граѓаните на Македонија примаат најмали месечни плати од сите земји на поранешна Југославија и се најсиромашни, а земјава во однос на Бруто домашниот производ е убедливо на дното. Според последните податоци објавени од Државниот завод за статистика просечната месечна заработувачка во земјава изнесува околу 340 евра. Сите на Балканот, освен граѓаните на Косово, земаат поголема плата. Според податоците од Меѓународната организација на трудот, Словенците и понатаму се на врвот со највисоки плати во регионот, околу 1.000 евра нето плата, по нив се Хрватите со 750 евра, во БиХ - 450 евра, Црна Гора - 480, во Србија просечната плата е 366 евра. Позади нас е само Косово со просечна месечна плата од околу 300 евра. За Фактор, Мишко Иванов, новинар на 24 Вести  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?