26 Ноември, 2024
0.1052

Животот во СФРЈ: Како средната класа од столб на Југославија, стана ендемски вид во Македонија?

Објавено во: Анализа 10 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Немањето на енормно големи разлики помеѓу граѓаните во тогашна Југославија е една од причините зошто на пиетет се става тогашното уредување од најголем дел од луѓето од поранешна СФРЈ, а поголемиот дел од нив денес едвај врзвуваат крај со крај. За домашната експертска јавност, токму исчезнувањето на средната класа, која практично претставува темел на секое здраво економско општество е причината зошто најголем дел од Македонците, но и од останатите републики од поранешна СФРЈ тагуваат по поранешната федерација. Било кое постаро лице, кога ќе го прашате кога поубаво се живееше денес или во СФРЈ, недвосмислено ќе ви одговори во времето на Југославија. Социјалните и економски разлики не беа толку изразени и видливи во поранешниот систем, однсоно и работниците имаа можност да уживаат во одредени бенефити што им ги нудеше државата. Затоа и постои носталгија повеќе за системот кои што ја намалуваше дистинкцијата помеѓу богатите и сиромашните, коментира македонската експертска јавност. Но, за дел од аналитичарите кои економски го анализираат тој систем токму псотоењето и функционирањето на командни стопанства без реален профит и прогрес ги сметаат како една од причините за погубната економија која што ја наследија новоформираните држави. За дел од стручната јавност ММФ е виновна за распадот на СФРЈ Економскиот пад на поранешната СФРЈ почна веќе од средината на 70-тите години, во минатиот век. Федерацијата полека, но сигурно влегуваше во финасиска криза, растеа долговите, паѓаше стандардот, неверојатно, галопирачки се зголемуваа трошоците за живот. Кога во март 1982 година, влезе во должничка криза, поранешната СФРЈ со помош на Светска банка, ММФ и други големи кредитори ги репорграмираше постоечките долгови и доби нови позајмици за подршка на производството за извоз. Иако, од тогаш земјата стана уреден должник, изгуби углед и понатаму се поскапо и тешко се задолжуваше. Во земјата е рационализирана потрошувачката на нафта, бензин, кафе, а исечен е и увозот на репроматеријали за фирмите. Инфлацијата во СФРЈ 1980                30% 1981                46% 1984                53% Опаѓањето на стандардот Стандардот опадна (1979 - 1984) за 34%, а пензиите се намалија за дури 40%, инвестициите за 34%, општествениот производ во 1980 падна на 29,6%, во 1981 на 27,2%, во 1982 на 23,2% и на околу 19,5% во 1984 и почетокот на 1985 година. Драстичниот пад на стандардот, без преседан во Европа, отвори политички и социолошки прашања: зошто во криза немаше социјални немири, за разлика и од развиените западно европски земји, каде после секој пад на стандардот предизвикуваше штрајкови и немири (Германија, Велика Британија, Холандија, Белгија, Италија) па и од неразвиените, каде исто така доаѓаше до немири кога ќе се загрозеа егзистенцијалните минимуми (Тунис, Мароко). За време на економската криза немаше толку штрајкови, отколку во ерата на просперитетот. Социозлите семаат дека социјални немири немаше од две причини: прво, поради надежта на луѓето, во циклусот на движења, дека после „лошите години доаѓаат подобри години“, и второ, општествената структура имаше многу вентили за „испуштуање“ на незадоволство. Не помогнаа ниту реформите на Анте Марковиќ Кон крајот на 1989 година, последниот југословенски премиер Анте Марковиќ покрена значајни економски и општествени реформи. За брзо време ја смири шестцифрената инфлација, а го стабилизираше и динарот. Владата на Анте Марковиќ го почна процесот на приватизација кога работниците за својот придонес и минат труд добија акции и удели во сопственоста на општествените компании. Марковиќ сметаше дека југословенскиот модел се уште не е истрошен и дека со политички и економски реформи може да даде одлични резултати за подобар живот Југославија Средната класа незапирливо исчезнува кај државите од поранешна СФРЈ Неодамнешното истражување на невладината „Солидарност“ покажува дека средната класа исчезнува со забрзано темпо на сметка на  наглото осиромашување на граѓаните и зголемувањето на богатството на мал број на луѓе. Процесот на приватизацијата е периодот во кој најмногу е ограбена работничката класа од страна на одредени елити, велат од невладината „Солидарност“. Огромната разлика помеѓу сиромашните и богатите граѓани од земјава е измерена според џини индексот, методолошко истражување кое  ги дели граѓаните во 5 посебни категории според нивните примања. Џини коефициентот на Македонија е 43,2 и е многу повисок од земјите од нашето опкружување. Во Црна Гора коефициентот изнесува 30, Србија 27,8, Хрватска 33,7. Високата стапка на поместување  помеѓу богатите и сиромашните во земјава се должи токму на големото осиромашување на средната класа. За Фактор, Мишко Иванов, новинар на 24 Вести

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.